Home

ЗБОРУВАМЕ ЗА ПРОВЕРЕНИ МАРКЕТИНГ РЕШЕНИЈА


Интегрираниот маркетинг е пристап во кој маркетинг стратегијата e базирана на податоци а потоа преточена во јасна и конзистентна комуникација со страните од интерес и во унифицирано корисничко искуство при секој контакт на купувачот со брендот или со компанијата.

Кога работите се вака поставени, тие работат заедно во иста насока, меѓусебно се надополнуваат и нивниот заеднички ефект е значително поголем отколку ефектот на секоја од активностите одделно.

Ние сме тим со повеќе од 30 години професионално искуство во маркетинг. Ја нудиме единствената интегрирана обука за маркетинг на која ќе зборуваме за маркетинг решенија што работат. Проверено!

Ајде да зборуваме за маркетинг!

Обуката опфаќа три модули во кои преку теорија и примери од праксата ќе стекнете вештини и знаења за правилно и ефективно извршување на маркетинг активностите.

БИДЕТЕ ДЕЛ ОД ЕДИНСТВЕНАТА ИНТЕГРИРАНА ОБУКА ЗА МАРКЕТИНГ!

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

Ние, Тамара, Ива и Петар, сме група од тројца ентузијасти, секој од нас со повеќе од 10 години професионално искуство во маркетинг. Силно веруваме дека знаењето може да ги промени индивидуите, организациите и општеството на подобро. Сакаме да го пренесеме нашето знаење, нашите грешки и искуство што ги стекнавме тука, на македонскиот пазар, работејќи за домашни и странски компании меѓу кои: Philips, Vip, Porsche, Canon, Netcetera, Lashko, Алкалоид, Жито Лукс, Витаминка, Lactalis, Млекара АД Битола, Македонски Телеком, Спорт Лајф, Порше Македонија, Шпаркасе Банка Македонија, Винер Лајф, Влада на Р. Македонија, ЕЛЕМ, AEK…

Д-р Тамара Јованов Апасиева

Доцент на Економски Факултет, УГД

Доцент на Економскиот факултет при универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип каде предава на предмети од областа на маркетингот. Паралелно, работи и како маркетинг консултант во приватниот сектор и е коосновач на брендот за чевли Marwell. Дознај повеќе.

Петар Георгиевски

Раководител на оделот за истражување и стратегиски консалтинг во маркетинг агенцијата Маркет Висион
Повеќе од десет години работи на полето на маркетинг истражувања и изработка на маркетинг стратегии за реномирани домашни и странски клиенти и меѓународни истражувачки компании. Во својата професионална кариера има реализирано повеќе од 70 истражувачки проекти. Дознај повеќе.

Д-р Ива Дујак

Технички директор на маркетинг агенцијата Brand Union
Експерт за онлајн комуникација со фокус на развивање на интегрирани кампањи и стратегии, односно комбинирање на онлајн и офлајн комуникациски канали во насока на унифицирана и ефикасна презентација на брендовите. Ива е наградуван блогер е за блог посветен на маркетинг совети и кампањи. Дознај повеќе.

Што велат за маркетингот некои од најголемите бизнис умови

Dan Zarrella
„Водење маркетинг без податоци е како возење со затворени очи.“

Philip Kotler
„Уметноста на маркетингот во голем дел е во врска со уметноста на создавање на бренд. Кога нештото не е бренд, секогаш ќе биде гледано само како уште едно парче стока.“

Richard Branson
„Од исклучителна важност за компанијата е да размислува, да дише и да се однесува како нејзините потрошувачи. Потрошувачите го одредуваат брендот, а употребата на социјални медиуми дефинитивно води кон зголемување на продажбата.“


ЗАЕДНО ИМАМЕ ПОВЕЌЕ ОД 30 ГОДИНИ ПРОФЕСИОНАЛНО ИСКУСТВО!

МНОГУ РЕНОМИРАНИ КЛИЕНТИ, МНОГУ ИНТЕРЕСНИ ПРОЕКТИ, МНОГУ ИСКУСТВО ЗА СПОДЕЛУВАЊЕ.
АЈДЕ ДА ЗБОРУВАМЕ ЗА МАРКЕТИНГ!

ПРИЈАВИ СЕ СЕГА!

ИМАТЕ ПРАШАЊЕ ИЛИ СУГЕСТИЈА?


Јавете се на 032 550 093 или 075 265 707 или пишете ни преку контакт формата.