About us

ЗА НАС

Добре дојдовте на Marketing Talks!

Ние, Тамара, Ива и Петар, сме група од тројца ентузијасти, секој од нас со повеќе од 10 години професионално искуство во маркетинг, кои силно веруваат дека знаењето може да Ве промени Вас самите, Вашата организација и светот на подобро.

Првпат се сретнавме и се запознавме како студенти по маркетинг на Економскиот факултет во Скопје, по што, до денес останавме во контакт на основ на меѓусебна почит, пријателство и професионална соработка.

Знаеме дека има подобар начин да се практикува маркетинг – поискрен пристап, базиран на вредност и податоци, помалку инвазивен начин со кој потрошувачите се заслужуваат и сакаат да бидат дел од Вашата приказна, наместо да се “купуваат“.

Страствени сме и сакаме да бидеме дел од решението – сакаме да помогнеме на индивидуите и организациите да се издвојат од останатите и да стигнат до целта.

 

Се фокусираме на Вашата потреба за доаѓање до нови сознанија за пазарот и купувачите, за креирање стратегија за брендирање и за интегрирана комуникација. Едното не може без другото. Со комбинирање на овие процеси, Ви овозможуваме да создадете силен синергиски ефект за вашиот бизнис или организација. Оваа комбинација на активности е имплементирана во мал број домашни компании, во што ние гледаме можност: Возбудени сме да го поедноставиме маркетингот и да го издигнеме на повисоко ниво преку едукација, консултации и соработка.

 

Идејата позади Marketing Talks не е толку еурека ефект, туку повеќе е резултат на увидот во пазарната реалност и тешкотиите со кои се соочуваат домашните компании и организации при избор и примена на најсоодветните маркетинг алатки. Увидот во ситуацијата е директен резултат на долгогодишна работа и искуство во областа, каде сите ние сме проактивни во истражување, анализирање и наоѓање на креативни и подобри решенија за актуелни маркетиншки проблеми на домашните организации и компании.

 

Името Marketing Talks доаѓа од нашето мото: „Ако сакаш да научиш нешто, почни да зборуваш за тоа. Со страст!“

 

Наша мисија е да обезбедиме инспирација и „пар боксерски ракавици“, т.е. знаење и вештини за секоја индивидуа или организација со мотивација за раст, потреба и интерес за маркетинг.

 

Клучната цел на Marketing Talks е да се зголеми знаењето за маркетинг преку споделување на искуства и употребливи техники меѓу студентите, невработените и вработените индивидуи што сакаат да градат кариера во маркетинг или да бидат посилни членови на тимот и да помогнат во креирање на подобра пазарна позиција и раст на организацијата.

 

Нашите кариери ги градиме на:

Континуирана инвестиција во формално и неформално образование (буквално – читање книги и трудови и друга литература од областа маркетинг).

Барање и земање учество во нови потфати (наоѓање на начини за имплементација на наученото и набљудување на напредокот на нашето дело).

Преземање ризици, правење грешки (мноогу од нив J) и учење од грешките.

Одржување на отворен ум (секогаш пробуваме и учиме нови вештини и акумулираме искуство).

Квалитетна комуникација и вмрежување со луќето околу нас: нашите колеги, надредени, пријатели и семејството, следбеници, потрошувачи, студенти… вообичаени и невообичаени луѓе, со вообичаени и специфични потреби и проблеми за решавање.

 

Веруваме…

Дека истражувањето и науката обезбедуваат најдобри одговори.

Креативноста може да биде вроден, природен талент, но и дека може да се научи како вештина.

Одржување на мотивација и мајндсет за раст е најдобар предвесник за успех.

Тешките битки нѐ прават посилни.

Инвестирањето во знаење се исплати.

Ако постои проблем, постои и решение.

Секоја индивидуа треба да се грижи за заедницата и да се обидува да ја направи подобро место за живеење, на најдобриот начин на кој умее.