Детали за обуката

Маркетингот не започнува со рекламата!

Маркетингот започнува многу порано, уште во самиот зачеток на идејата за бизнис па се до секој еден контакт што го остварува потрошувачот со компанијaта.

Немаме намера да прераскажуваме модели и примери што функционираат во странски земји и на развиени пазари. Сакаме да го пренесеме нашето знаење, нашите грешки и искуство што ги стекнавме тука, на македонскиот пазар, работејќи за домашни и странски компании меѓу кои: Philips, Vip, Porsche, Canon, Netcetera, Lashko, Алкалоид, Жито Лукс, Витаминка, Lactalis, Млекара АД Битола, Македонски Телеком, Спорт Лајф, Порше Македонија, Шпаркасе Банка Македонија, Винер Лајф, Влада на Р. Македонија, ЕЛЕМ, AEK…

Сакаме да помогнеме во јакнење на знаењето кај индивидуи, тимови и организации со цел да можат подобро да ги разбираат барањата на купувачите, да создаваат поквалитетни производи, јасно да се диференцират на пазарот, да создадат модерен и функционален визуелен идентитет и ефективно да ги користат медиумите.

Се залагаме за повисоко ценовно позиционирање на македонските брендови – конкурентни домашни брендови, доволно јаки и храбри да влезат во „ринг“ со големите регионални и глобални брендови.

Сакаме секој еден денар вложен во маркетинг да е ПАМЕТНА ИНВЕСТИЦИЈА, а НЕ НЕПОТРЕБЕН ТРОШОК.

Силно веруваме дека знаењето може да направи позитивни разлика за тебе, за организацијата во која што работиш и за општеството во целина и ќе ни биде задоволство доколку бидеме инспирација или барем мало делче од твојата успешна приказна.

Интегрираната обука за маркетинг се состои од три модули:

  1. Истражување на пазарот
  2. Брендирање и
  3. Промоција на социјални медиуми

 

детали и придобивки од МОДУЛИТЕ:

  • Ќе ги дознаете основните извори на податоци;
  • Ќе се запознаете со критичните точки од процесот на истражување на пазарот;
  • Ќе научите како правилно да изберете соодветна техника за прибирање на податоците;
  • Ќе стекнете знаење за носење на одлуки за големината на примерокот и за правилен избор на таргет групата;
  • Ќе стекнете знаење за развој на прашалник и за негова оптимална должина;
  • Ќе дознаете како најдобро да ги трансформирате податоците во корисни информации и како да ги толкувате;
  • Ќе дознаете на што да внимавате и како да се поставите доколку работите со истражувачка агенција;
  • Ќе осознаете како да ги избегнете најчестите грешки во еден истражувачки проект.

Предавач: Петар Георгиевски, Раководител на оделот за истражување и стратегиски консалтинг во маркетинг агенцијата Маркет Висион

  • Ќе научите како брендот е поврзан со одлуката за купување на потрошувачите;
  • Ќе ги осознаете економските и општествените придобивки од брендот;
  • Ќе ги дознаете различните стратегии на брендирање;
  • Ќе ги научите потребните фази за креирање на бренд на производ/компанија;
  • Ќе ги совладате деталите на секој од елементите во процесот на бреднирање: име, слоган, дизајн, пакување, лого;
  • Ќе научите како да ја мерите и следите вредноста на брендот на пазарот;
  • Ќе се запознаете со постапката за регистирање и заштита на индустриска сопственост (трговска марка).

Предавач: Д-р Тамара Јованов Апасиева, универзитетски професор при Економски Факултет, УГД

  • Ќе научите повеќе за потребата од користењето на социјалните медиуми во маркетинг комуникацијата;
  • Ќе се запознаете со предностите и слабостите од комуникација и промоција преку различни видови на медиуми;
  • Ќе се запознаете со најактуелните социјални мрежи;
  • Ќе научите за трендовите во употреба на социјалните мрежи во Македонија и во светот;
  • Ќе го осознаете основниот модел за комуникација со потрошувачите;
  • Ќе ги научите основните елементи кои треба да ги содржи пораката;
  • Ќе совладате вештини за правилно промовирање на социјални медиуми;
  • Ќе научите како да ги следите и контролирате резултатите и ефектите од комуникација преку социјални медиуми.

Предавач: Д-р Ива Дујак, технички директор на маркетинг агенцијата Brand Union

пријавување за тековни обуки:

Во моментов во тек е пријавувањето за обуката во Скопје (краен рок за пријавување 30.09.2018). Бројот на учесници е ограничен на 24. 

НАЧИН НА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ОБУКИТЕ:

Обуките се предвидени да се одвиваат во два дена – петок и сабота. Се работи во мали групи до 24 учесници. Обуките опфаќаат кратка интерактивна теорија, анализа на реални примери од пракса, изведување на вежби во рамки на тимови поврзани со решавање на конкретни бизнис ситуации во врска со посочената пролематика, дискусија и одговори на прашања, прашалници за самоевалуација и оценка на обуките.

СЕРТИФИКАТ:

Секој учесник по завршувањето на обуката ќе се здобие со сертификат за завршена обука согласно Закон за образование на возрасните („Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/2008, 17/2011, 51/2011, 74/2012, 41/2014, 144/2014, 146/2015 и 30/2016).