Предавачи

ПРЕДАВАЧИ


Ние, Тамара, Ива и Петар, сме група од тројца ентузијасти, секој од нас со повеќе од 10 години професионално искуство во маркетинг, кои силно веруваат дека знаењето може да Ве промени Вас самите, Вашата организација и светот на подобро. Знаеме дека има подобар начин да се практикува маркетинг – поискрен пристап, базиран на вредност и податоци, помалку инвазивен начин со кој потрошувачите се заслужуваат и сакаат да бидат дел од Вашата приказна, наместо да се “купуваат“. Страствени сме и сакаме да бидеме дел од решението – сакаме да помогнеме на индивидуите и на организациите да се издвојат од останатите и да стигнат до целта.


Д-р Тамара Јованов Апасиева

Универзитетски професор при Економски Факултет, УГД

Редовен професор на Економскиот факултет при универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип каде предава на предмети од областа на маркетингот. Паралелно, работи и како маркетинг консултант во приватниот сектор и е коосновач на брендот за чевли Marwell. Дознај повеќе.

Петар Георгиевски

Раководител на оделот за истражување и стратегиски консалтинг во маркетинг агенцијата Маркет Висион

Повеќе од десет години работи на полето на маркетинг истражувања и изработка на маркетинг стратегии за реномирани домашни и странски клиенти и меѓународни истражувачки компании. Во својата професионална кариера има реализирано повеќе од 70 истражувачки проекти. Дознај повеќе.

Д-р Ива Дујак

Технички директор на маркетинг агенцијата Brand Union

Експерт за онлајн комуникација со фокус на развивање на интегрирани кампањи и стратегии, односно комбинирање на онлајн и офлајн комуникациски канали во насока на унифицирана и ефикасна презентација на брендовите. Ива е наградуван блогер е за блог посветен на маркетинг совети и кампањи. Дознај повеќе.

ЗАЕДНО ИМАМЕ ПОВЕЌЕ ОД 30 ГОДИНИ РАБОТНО ИСКУСТВО.

МНОГУ РЕНОМИРАНИ КЛИЕНТИ, МНОГУ ИНТЕРЕСНИ ПРОЕКТИ. 

АЈДЕ ДА ЗБОРУВАМЕ ЗА МАРКЕТИНГ!