Д-р Ива Дујак

Д-р Ива Дујак

Технички директор на маркетинг агенцијата Brand Union

Дипломирала, магистрирала и докторирала на Економскиот факултетпри универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, отсек: Маркетинг. Магистерската и докторската теза се осврнуваат на развој на стратегија за комуницирање на социјалните медиуми кај мали и средни претпријатија во Р.Македонија.

Веќе осум години активно работи во сферата на онлајн маркетингот, од кои шест како дел на компанијата Brand Union, лидер во полето на онлајн комуникацијата во Р. Македонија. Развива стратегии и кампањи за брендови како: Philips, Vip, Porsche, Canon, Netcetera, Lashko, Алкалоид, Жито Лукс, Витаминка и многу други.

Експерт е за онлајн комуникација, со фокус на развивање на интегрирани кампањи и стратегии, односно комбинирање на онлајн и офлајн комуникациски канали во насока на унифицирана, ефикасна презентација на брендовите. Наградуван блогер е за блог посветен на маркетинг совети и кампањи.

Држи бројни предавања на тема онлајн маркетинг и комуникација на социјални медиуми по покана на Стопанска Комора на Македонија, Економски Факултет Скопје, невладини организации и др.


КОНТАКТ

Email: iva@marketingtalks.mk