Д-р Тамара Јованов Апасиева

Д-р Тамара Јованов Апасиева

Доцент на Економски Факултет, УГД

Дипломирала, магистрирала и докторирала на Економскиот факултет, при најстариот и прворангиран македонски Државен универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, отсек: Маркетинг. Наградена е како еден од 20те најдобри студенти на својата генерација, а исто така била и стипендист на Министерството за образование и наука на РМ (четири години).

Нејзината магистерска теза го обработува значењето на маркетинг истражувањето за конкурентското позиционирање на компаниите на пазарот, а докторската дисертација го истражува значењето на маркетинг стратегијата и планирањето и нивното влијание врз растот и развојот на малите и средни бизниси.

Две години работела како демонстратор на Економскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Потоа, продолжува да се надоградува во приватниот сектор како продажен агент на НЛБ Тутунска Банка, а потоа како маркетинг менаџер во домашна компанија за производство на чевли.

Веќе 10 години работи на Економскиот факултет при универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип каде предава на предмети од областа на маркетингот. Паралелно, работи и како маркетинг консултант во приватниот сектор и е коосновач на брендот за чевли marwell (http://marwell.mk/ и https://www.facebook.com/marwell.mk/).

Како визитинг професор држела предавања на странски универзитети, меѓу кои Универзитетот „Jaume I“ во Кастелон, Шпанија, како и на Економскиот факултет при Универзитетот во Бања Лука, Република Српска.

Член е и рецензент на повеќе уреднички одбори на меѓународни списанија, како и на Македонската Маркетинг Асоцијација и Евроазиското здружение за економија и бизнис (Eurasian Economic and Business Society).

Има учествувано на бројни домашни и меѓународни симпозиуми, научни расправи, стручни собири, конференции, средби, семинари, обуки и јавни дебати, во земјата и странство (Франција, Шпанија, Италија, Турција, Грција, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и др.).

Учествувала во повеќе научно-истражувачки проекти од национален и меѓународен карактер и има објавено над 70 научни и стручни трудови, поглајва, делови од книги, истражувачки студии и есеи. Организатор е и на обуки за млади лица, претприемачи и невработени, од областа на маркетингот и претприемништвото.


КОНТАКТ

Email: tamara@marketingtalks.mk